ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА
1. ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД
Веб-продавницата www.direct.aitonix.mk овозможува враќање на купени производи при следните услови:
– Доколку производот не е употребуван може да се врати во рок од 15 дена од денот кога истиот е купен, заедно со приложената документација добиена при испораката. За да го направи тоа, потребно е Купувачот да не информира за своето барање за враќање на следната email адреса: direct@aitonix.group, наведувајќи ја причината за враќањето на производот. Враќањето на производот е возможно само доколку истиот не е користен и е со неоштетено пакување.
– Доколку при приемот на производот Купувачот забележи видливи оштетувања на производот, истиот треба да го врати назад и да нѐ исконтактира на следната имејл адреса: direct@aitonix.group, наведувајќи го конкретниот проблем со производот. Во најкраток можен рок неисправниот производ ќе биде заменет со нов (исти производ), а трошокот за испорака ќе биде на сметка на продавачот.
Давателот на услугата има право да ја менува Политиката за враќање и замена на производи. Сите актуализации или промени ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на сајтот www.direct.aitonix.mk.
2. ТРОШОЦИ ПРИ ВРАЌАЊЕ
– Во случај на враќање на производ по желба на Купувачот, истиот е должен да ја испрати пратката за враќање со безбедно пакување, за да се избегнат оштетувања при транспорт.
– Во случај на враќање на производ по желба на Купувачот, трошоците за испорака се на сметка на Купувачот.
– Доколку производот е неисправен или пак доколку е испратен погрешен производ, трошокот за испорака и враќање е на товар на АИТОНИКС АД.
3. ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД
Директна замена на производ не е возможна. Доколку Купувачот сака друг производ, потребно е да го врати првично нарачаниот производ согласно условите за враќање, а по завршување на постапката за враќање, да направи нова нарачка за посакуваниот производ преку веб страницата.
4. ВОЗВРАТ НА СРЕДСТВА
По прием и проверка на вратениот производ, ќе се изврши постапка за возврат на средствата на корисникот, на следниот начин:
– Во случај на плаќање на нарачката со платежна картичка:
Доколку плаќањето е извршено со платежна картичка преку веб страницата, износот ќе биде рефундиран на истата картичка која била користена при плаќањето. Процесот на рефундација се иницира во рок од 5 работни дена по приемот и проверката на производот, а времето на реализација може да зависи од процедурите на банката на корисникот.
– Во случај на плаќање во готово при испорака:
Доколку плаќањето е извршено во готово при испорака, средствата ќе бидат вратени преку банкарска трансакција на сметка доставена од Купувачот. За таа цел, Купувачот е должен преку електронска пошта да ги достави следните податоци:
- име и презиме
- број на трансакциска сметка
- банка.
Исплатата ќе се изврши во рок од 5 работни дена по приемот и проверката на производот.
Нега и убавина