ПОЛИТИКА ЗА ИСПОРАКА

По извршената онлајн нарачка на производите нa веб-продавницата www.direct.aitonix.mk истата се процесира и обработува од продажниот тим на сајтот.

– Доколку нарачката е успешно платена со опција “плаќање со картичка”, таа се обработува и процесира кон курирската фирма за испорака, без потреба од дополнителна потврда од страна на Купувачот.

– Доколку нарачката е направена со опија за “плаќање при достава”, Купувачот ќе биде контактиран на доставениот телефонски број за потврда на нарачката, по што ќе се процесира кон курирската фирма за испорака.

– Доколку е нарачан производ, кој се воспостави дека е недостапен, Купувачот ќе биде контактиран на доставениот телефонски број или имејл адреса.

– При преземање на производите, Купувачот е должен да провери дали го добива нарачаниот производ, дали е точна бројка на доставени производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачи. Повеќе информации за начинот на враќање и замена на производи може да прочитате во нашата ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА.

1. ЦЕНИ ЗА ИСПОРАКА

Испораката за секоја направена нарачка на веб продавницата aitonixdirect.mk е бесплатна за Купувачот. Доколку при испорака курирот не успее да го исконтактира Купувачот на оставената адреса и телефонски број, пратката ќе биде вратена и дополнително ќе се договори повторна испорака, а трошокот за повторна испорака се подмирува од страна на Купувачот. Трошокот за испорака во тој случај се пресметува од страна на курирската фирма, врз основа на параметрите на пратката (големина, тежина, растојание на достава итн).

2. РОК ЗА ИСПОРАКА

Испорака се врши само на територијата на Република Македонија и вообичаено се извршува во рок од 2-7 работни дена. За време на активни намалувања и попусти, испораката може да трае подолго време од вообичаено.

Давателот на услугата има право да ја менува Политиката за испорака. Сите актуализации или промени ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на сајтот www.direct.aitonix.mk.