УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
на веб-продавницата www.direct.aitonix.mk
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Веб-страницата www.direct.aitonix.mk е во сопственост и под управување на АИТОНИКС АД Скопје (во текстот нарекуван “Давател на услуга”), со седиште на ул. Борис Трајковски 36, Кисела Вода, со ЕДБ: МК4030000394930, матичен број 5451680, застапувана од овластеното лице Јордан Димитровски.
Контакт електронска пошта за поддршка на корисници: direct@aitonix.mk
Со пристапување и користење на оваа веб-страница, корисникот потврдува дека ги има прочитано, разбира и целосно ги прифаќа овие Услови на користење. Доколку не се согласувате со нив, ве молиме да ја прекинете употребата на веб-страницата.
2. ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА КОРИСТЕЊЕ
Секое користење на www.direct.aitonix.mk, независно дали корисникот пребарува производи, креира кориснички профил, поднесува нарачка или комуницира со платформата, се смета за целосно прифаќање на овие Услови. Давателот на услугата го задржува правото да ги менува Условите во било кое време, без обврска да го известува корисникот индивидуално. Измените стапуваат во сила со нивно објавување на веб-страницата, а корисникот е должен периодично да ги прегледува Условите за да ги следи евентуалните промени. Продолжувањето со користење на веб-страницата по извршена измена значи дека корисникот ги прифаќа новите Услови.
3. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ И КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА
Сите содржини на веб-страницата www.direct.aitonix.mk, вклучувајќи фотографии, опис на производи, графички елементи, логоа, текстови, видеа, дизајн, бази на податоци, структура на веб-страницата и програмски код, претставуваат интелектуална сопственост на Давателот на услугата или на соодветните носители на права со кои Давателот на услугата има склучено договори за користење.
Строго е забрането копирање, репродукција, модифицирање, објавување, продавање, изнајмување, преземање или какво било друго користење на материјали од оваа веб-страница без претходна писмена согласност од Давателот на услугата. Ова вклучува, но не се ограничува на, преземање фотографии за комерцијална цел, автоматизирано прибирање на податоци, создавање огледални копии на веб-страницата и користење на брендови и заштитни знаци без овластување.
Прекршувањето на овие правила може да резултира со граѓанска и кривична одговорност.
4. КРЕИРАЊЕ НА КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ И ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ
За да може да врши онлајн купување, корисникот може на своја волја да креира кориснички профил во кој внесува точни, целосни и ажурни лични податоци. Корисникот е единствено одговорен за точноста на информациите што ги доставува, а Давателот на услугата не презема одговорност за штета предизвикана од доставување на неточни податоци. Корисникот е одговорен да ја чува својата лозинка и не смее да дозволи неовластено лице да пристапува до неговата сметка. Во случај на сомнеж за злоупотреба, корисникот е должен веднаш да го извести Давателот на услугата, кој има право да го суспендира или избрише корисничкиот профил доколку постојат индиции за злоупотреба, незаконски активности или повреда на овие Услови.
5. ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
АИТОНИКС АД Скопје ги обработува личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци и GDPR. Податоците што корисникот ги доставува при креирање профил, поднесување нарачка или комуникација со платформата се користат исклучиво за цели како:
– идентификација на корисникот
– обработка и испорака на нарачки
– комуникација со корисникот
– исполнување на законски обврски (фактурирање, евиденции),
– подобрување на услугите и безбедноста
Давателот на услугата не ги продава, не ги издава и не ги споделува личните податоци со трети лица, освен кога тоа е потребно за извршување на основната услуга на веб страницата (купување и испорака на производи) или кога тоа е законски наложено од надлежен орган. Корисникот има право на пристап, исправка, ограничување на обработката и бришење на своите лични податоци, како и право на приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци. Ве молиме, прочитајте ја нашата ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ, за да се запознаете подетално со начинот на кој обработуваме и чуваме лични податоци.
6. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОИЗВОДИ, ЦЕНИ И ДОСТАПНОСТ
Сите производи прикажани на www.direct.aitonix.mk се презентирани со соодветни технички описни податоци, фотографии и цени. Давателот на услугата се труди да обезбеди точни и ажурни информации, но задржува право на технички или типографски грешки. Во случај на грешка во цена, опис или достапност, Давателот на услугата ќе го извести корисникот пред испорака на нарачката, по што корисникот може да ја потврди или откаже нарачката. Прикажаните цени се изразени во денари и вклучуваат ДДВ, доколку не е поинаку наведено. Давателот на услугата го задржува правото да ги менува цените без претходна најава. Промената на цена нема влијание врз веќе поднесени и потврдени нарачки.
7. НАРАЧКА, КУПУВАЊЕ И НАПЛАТА
Корисникот може да изврши нарачка преку веб-страницата со избор на производ, потврдување на количина, внесување податоци и избор на начин на плаќање. Нарачката се смета за поднесена во моментот кога корисникот ќе ја потврди. По поднесување, корисникот добива електронска потврда на својата е-пошта. Давателот на услугата го задржува правото да ја одбие или откаже нарачката во следниве случаи: недостапност на производ, сомнение за злоупотреба, внесени неточни податоци, кога невозможно е да се контактира купувачот или други оправдани причини.
8. ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИ
Испораката се врши преку надворешни курирски служби. Роковите за испорака зависат од расположливоста на производите, од локацијата на корисникот, како и од моменталната зафатеност на курирската служба. За повеќе информации во однос на начините на плаќање и деталите за испорака, разгледај ја нашата ПОЛИТИКА ЗА ИСПОРАКА.
9. ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Корисникот има право да го врати производот во рок од 14 дена, согласно Законот за заштита на потрошувачи, под услов производот да е неупотребен, во оригинална амбалажа и со приложена фактура. Трошоците за враќање ги сноси корисникот, освен во случај на враќање на неисправен производ. За повеќе информации во однос на начините на плаќање и деталите за испорака, разгледај ја нашата ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА.
10. ОГРАНИЧУВЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ
Давателот на услугата вложува разумни напори за да обезбеди точност и непречено функционирање на веб-страницата, но не гарантира дека веб-страницата ќе биде достапна во секое време ниту дека ќе функционира без прекини, грешки или технички проблеми.
Давателот на услугата не сноси одговорност за каква било штета која може да настане како резултат на користењето или неможноста за користење на веб-страницата, вклучително, но не ограничувајќи се на: технички дефекти, прекин на услугата, губење на податоци, присуство на малициозен или штетен софтвер, како и неовластен пристап или интервенција од трети лица.
Корисникот се согласува дека веб-страницата ја користи на сопствена одговорност. Давателот на услугата не одговара за директна, индиректна, случајна или последователна штета која може да произлезе од користењето на веб-страницата или од нарачките направени преку неа, освен во случаи кога одговорноста не може да се исклучи согласно важечките законски прописи.
11. НАДВОРЕШНИ ЛИНКОВИ
Веб-страницата може да содржи линкови до други веб-страници заради дополнителни информации или функционалност. Давателот на услугата не контролира и не презема одговорност за содржина, точност или безбедност на тие страници. Посетата на надворешни линкови е на сопствен ризик на корисникот.
12. ПРИМЕНЛИВО ПРАВО И НАДЛЕЖНОСТ
Овие Услови се регулирани и толкувани согласно законите на Република Северна Македонија. Во случај на спор, надлежен е Основниот грaѓански суд во Скопје, освен ако не е пропишано поинаку со императивни законски норми.
13. КОНТАКТ И ПОДРШКА
За прашања во врска со користењето на веб-страницата, нарачки, рекламации или техничка поддршка, корисникот може да се обрати на:
e-mail: direct@aitonix.group
Нега и убавина