ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Заштитата на личните податоци неопходни за функционирањето на веб-продавницта www.direct.aitonix.mk е врвен приоритет на АИТОНИКС АД Скопје.
Оваа Политика за приватност има за цел да обезбеди информации за тоа кои лични податоци се собираат преку веб-страницата www.direct.aitonix.mk , за кои цели се обработуваат, како и во кои случаи тие податоци може да бидат споделени со трети лица.
АИТОНИКС АД се обврзува да ја обезбеди приватноста и заштитата на личните податоци на корисниците, во согласност со важечките прописи за заштита на личните податоци.
Оваа Политика за приватност може периодично да се ажурира, согласно промените во законската регулатива или со цел подобрување на мерките за заштита на личните податоци. Во случај на измени, ажурираната верзија на Политиката за приватност ќе биде објавена на веб-страницата www.direct.aitonix.mk . Ве охрабруваме повремено да ја проверувате содржината на оваа Политика за да бидете информирани за начинот на кој се заштитуваат вашите лични податоци.
2. ПОДАТОЦИ ЗА АДМИНИСТРАТОРОТ ОДГОВОРЕН ЗА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ
Оваа Политика на приватност содржи информација за обработката на личните податоци при посета и/или користење на интернет услугите достапни на веб страницата www.direct.aitonix.mk .
Администратор на личните податоци е АИТОНИКС АД Скопје, со следните податоци:
ЕДБ: MK4030000394930
Матичен број: 5451680
Адреса: Борис Трајковски 36 / Влез 1 / 2, Скопје – Кисела Вода
Овластено лице: Јордан Димитровски
АИТОНИКС АД ги презема сите потребни мерки на претпазливост (технички и организациски) за да ја осигура безбедноста на личните податоци, обезбедени преку оваа веб продавница, така што тие да бидат заштитени на најдобар можен начин. Сепак, процесите не можат да бидат целосно контролирани, така што апсолутната заштита не може да се гарантира. Поради оваа причина, обезбедувањето лични податоци на било кое лице при интеракција со оваа веб продавница е доброволно.
3. ЦЕЛИ И НАЧИН НА ОБРАБОТКА
Предмет на обработка се податоци за посетителите на веб страницата www.direct.aitonix.mk и купувачите на производи преку оваа веб страница (во понатамошниот текст: „корисници“). При регистрација како корисник на оваа веб продавница е потребно да се достават и потоа се обработуваат лични податоци, што е потребно со цел успешно реализирање и достава на нарачки. Податоци кои ги обработуваме се следни:
- име и презиме на нарачателот
- адреса за доставување
- е-mail адреса
- телефонски број
Овие податоци се користат со цел:
- обработка и реализација на нарачките
- испорака на производите
- комуникација со корисниците во врска со статусот на нарачката
- обезбедување квалитетна услуга и корисничка поддршка.
Давателот на услугата се обврзува да ја почитува приватноста на сите корисници и да ги собира само податоците кои се неопходни за исполнување на наведените цели. Во случај на враќање или замена на производи, се обработуваат само податоците кои се потребни за постапување по барањето на купувачот.
Сите податоци се чуваат со соодветни технички и организациски мерки со цел заштита од губење, уништување, неовластен пристап, злоупотреба или измена на податоците.
Вработените и ангажираните лица во АИТОНИКС АД се должни да ја почитуваат доверливоста на личните податоци.
4. ПОДАТОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
При посетување на оваа веб-страница, информациите за вашата посета автоматски ги испраќа веб-прелистувачот што го користите, а со тоа се обезбедува ракување со Веб-страницата. Доставената информација вклучува IP адреса на успотребуваниот интернет уред, датум и време на влегување и информации за прелистувачот. Оваа информација е привремено зачувана во таканаречената датотека за најавување и автоматски се брише најдоцна по 9 недели. Собраните податоци не дозволуваат да се извлекуваат директни заклучоци за идентитетот на корисникот. Целта на обработката на овие податоци е да се воспостави врска и да се осигури безбедноста на системот.
Покрај основните податоци, веб страницата може да собира информации во врска со:
- производите кои корисниците ги пребаруваат
- страниците кои ги посетуваат
- начинот на користење на веб-страницата.
Овие податоци се користат исклучиво за подобрување на функционалноста на веб-страницата, подобрување на понудата на производи и подобрување на корисничкото искуство.
5. УПОТРЕБА НА КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Веб-страницата www.direct.aitonix.mk користи „cookies“ (колачиња) со цел подобрување на функционирањето на страницата и прилагодување на корисничкото искуство. „Cookie“ е мала текстуална датотека која се зачувува на уредот на корисникот при посета на веб страницата. Колачињата не можат да стартуваат програми ниту да пренесуваат вируси на уредот на корисникот. Корисниците можат во секое време да го ограничат или оневозможат користењето на колачиња преку поставките на својот интернет прелистувач.
6. СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Личните податоци не се споделуваат со трети лица освен во следните случаи:
- кога тоа е законска обврска
- кога е неопходно за реализација на услугата
Во случај на испорака на производите, податоците може да бидат споделени со овластени компании за достава (курирски служби), исклучиво заради потребата од извршување на испорака на нарачката.
7. МАРКЕТИНГ ПОРАКИ
Со прифаќање на Условите за користење на оваа веб-страница и Политиката за приватност, Корисникот се согласува доставените од него податоци да бидат употребувани и за маркетинг цели (на пример: испраќање промотивни понуди или новости) кои имаат за цел Корисниците секогаш да бидат добро информирани за производите и услугите на веб продавницата www.direct.aitonix.mk за кои се заинтересирани. Во согласност со потребните норми, ние секогаш гарантираме дека обработката на податоците за маркетинг цели се одвива во согласност со правата и слободите на корисниците и нема никакви правни последици. Секој корисник може во било кој момент да го смени своето мислење и да ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг пораки – за таа цел известете нè користејќи ги дадените информации за контакт. Личните податоци може да се користат за директен маркетинг (на пример: испраќање промотивни понуди или новости) само доколку корисникот дал претходна согласност.
8. ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Личните податоци се чуваат само онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани, и тоа:
- податоците за нарачки и плаќања се чуваат согласно законските рокови за сметководствена документација (до 10 години)
- податоците поврзани со рекламации или замена на производи се чуваат до завршување на постапката и истек на законските рокови
- податоците за кориснички профили се чуваат до бришење на профилот или до поднесување барање за бришење на податоците.
9. ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Секој корисник има право на информации за обработувањето на неговите лични податоци и може слободно да ги користи своите права за:
- да биде информиран за обработката на неговите лични податоци
- да побара пристап до своите податоци
- да побара исправка или бришење на податоците
- да побара ограничување на обработката
- да поднесе приговор во врска со обработката на податоците
- во секое време да ја повлече дадената согласност за обработка на лични податоци
Доколку сакате да искористите некое од вашите права, контактирајте нè на наведените контакт информации. Исто така, доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци на некој начин не одговара на прописите за заштита на податоците, Ве молиме да нè контактирате. Имате право да поднесете жалба до надлежниот надзорен орган во секое време. Комисија за заштита на личните податоци:
Агенција за заштита на личните податоци, бул. Гоце Делчев бр. 18, 1000, Скопје, Република Северна Македонија
Офицер за информации за заштита на личните податоци во АИТОНИКС АД Скопје:
Маја Трајковиќ Пешевска
Тел: +389 72 252 508
Електронска пошта: m.trajkovic@aitonix.group
10. СОГЛАСНОСТ И ИЗМЕНИ
Со користење на веб страницата www.direct.aitonix.mk , корисникот се согласува со оваа Политика на приватност.
Давателот на услугата го задржува правото да ја измени оваа Политика на приватност во секое време. Сите измени ќе бидат објавени на веб страницата и ќе стапат во сила со денот на објавување.
11. КОНТАКТ
За сите прашања или барања во врска со обработката на личните податоци, корисниците можат да се обратат на:
АИТОНИКС АД Скопје
Адреса: Борис Трајковски 36, Влез 1 / 2, Скопје – Кисела Вода
Електронска пошта: direct@aitonix.group
Нега и убавина