За нас
Direct.aitonix.mk е онлајн продавница креирана со цел да им овозможи на корисниците внимателно избрана селекција на квалитетни производи од светот на технологијата, наменети за секојдневна употреба. Нашата понуда опфаќа производи за домот, лична нега, технолошки производи и други практични решенија кои го олеснуваат модерниот начин на живот.
Онлајн продавницата direct.aitonix.mk е дел од AITONIX, една од водечките компании во Македонија во областа на IT дистрибуцијата, со присуство и на пазарите во регионот. Со долгогодишно искуство во дистрибуција, product management и пласирање на технолошки производи на пазарот, AITONIX има изградено силна репутација како доверлив партнер во индустријата.
Компанијата е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски брендови, меѓу кои Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Motorola, Philips, Xerox и други. Покрај дистрибуцијата на технолошки производи, компанијата располага со сертифициран сервисен центар кој обезбедува постпродажна поддршка според потребните меѓународни стандарди.
Со direct.aitonix.mk ја прошируваме нашата визија кон директна онлајн продажба, нудејќи внимателно избрани производи со проверен квалитет, сигурна испорака и професионална корисничка поддршка.
Нашата цел е едноставна – да им овозможиме на клиентите лесно, сигурно и брзо онлајн купување, поддржано од искуството и довербата што AITONIX ја гради со години.
Нега и убавина